Џан му донесе значајна победа на Ливерпул

Ливерпул конечно успеа да врзе две победи во оваа 2017 година, откако „црвените“ по тешка битка славеа над Барнли со 2-1. Тимот на Јирген Клоп повторно се соочи со стариот проблем, не успевајќи да наметне игра и да создава шанси против цврсто организирана одбрана.

Ситуацијата дополнително се искомпликува откако гостите рано стигнаа до водство, по што на повидок беше ново непријатно изненадување за „црвените“. Вајналдум погоди во вистински момент, пред самиот крај на првото полувреме, за Емре Џан со прецизен удар од над 20 метри да донесе значајна победа за својот тим, со која Ливерпул го задржува чекорот со ривалите во битката за место во ЛШ следната сезона.

Ashley Barnes Goal HD – Liverpool 0-1 Burnley… by Jek09Pre

Georginio Wijnaldum Goal HD – Liverpool 1-1… by bestfootballtv

Emre Can Goal HD – Liverpool 2-1 Burnley 12.03… by sharmanher

Се вчитува...