Македонскиот репрезентативец Езгиан Алиоски за исклучително краток период веднаш се наметнува како нов милени на навивачите на турскиот гигант Фенербахче.
Алиоски на извонреден начин ја почна својата одисеја во турскиот клуб, поради што веднаш е и во фокусот на турските медиуми за кои открива дека нема вистина во написите дека репрезентативниот колега Елиф Елмас го убедил да ја прифати понудата од Фенербахче.
„Медиумите сакаат да пишуваат разни нешта. Но, нема вистина во написите дека ме убедил за Фенербахче. Да, Елмас веднаш ми честиташе откако го одбрав Фенербахче, потоа разговаравме за клубот, но претходно немавме конкретни разговори на таа тема. Елиф е навистина фантастична личност, одлично момче. Тој е секогаш позитивен како личност, и неверојатен фудбалер. Јас сум навистина среќен што е мој пријател“ – вели Алиоски.
Македонскиот фудбалер открива дека за Фенербахче размислувал уште минатата година, но на крај ја прифатил понудата од Саудиска Арабија. Сега, не сакал повторно да ја пропушти шансата…
„Кога летово разбрав дека Фенербахче уште е заинтересиран за мене бев пресреќен, затоа што тоа е еден од оние клубови за кои во минатото сум размислувал колку би било убаво да бидам дел од него. И сега тој сон се остварува. Затоа со посебни емоции го прославив и мојот прв гол во дресот на Фенербахче“ – истакнува Алиоски.
alioski yerine ferdi lincoln falan oynaması baya zoruma gidiyorpic.twitter.com/MjTK9VNPmC
— emirhan (@emralemdar31) August 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА