Џани „мува не го лази“: Повторно кандидат за претседател на ФИФА!

Џани Инфантино и дефинитивно повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во март 2027 година.

ФИФА официјално потврди дека Инфантино, кој е на чело на ФИФА од 2016 година, ќе се бори за својот четврти мандат.

„Ништо не е променето. Господинот Инфантино ќе се кандидира повторно за прв човек на нашата организација“, порачаа денеска од ФИФА.

Добро е познато дека УЕФА силно се противи на него останување на претседателската функција. Иако европската организација се откажа од обидот за изгласување недоверба кон Инфантино, во УЕФА подготвуваат противкандидат.

За кандидатура е потребна поддршка од најмалку 106 од вкупно 211 национални фудбалски федерации, а рокот за поднесување на кандидатурите истекува на 18 ноември. Како можен противкандидат на Инфантино неофицијално се споменува претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани.

Се вчитува...