Џани нападнат по мечот со Арсенал, Џака се вмеша да го одбрани (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски беше во прв план на мечот меѓу Лидс и Арсенал кој заврши без победник 0-0. Прво македонскиот интеранционалец по едно кошкање доби удар од Николас Пепе, по што репрезентативецот на Брегот на слоновата коска доби директен црвен картон, а нервозата кај топчиите беше забележитална и на крајот на мечот. Бекот на тимот од Лондон, Тирни по последниот судиски свиреж тргна физички да се пресмета со Алиоски, по што мораше да интервенира Гранит Џака кој ја смири целата ситуација.

 

 

Се вчитува...