Џани верува дека првенството не е завршено: Против Украина на први бодови

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за вториот натпревар на Европското првенство против репрезентацијата на Украина. Езгијан Алиоски вели дека е горд за настапот на првиот меч и дека сега е најважно да анализираат каде погрешија во првиот натпревар против Австрија и што е можно подобро да се подготват.

„Многу сме горди што имавме можност да играме против Австрија. Резултатот не беше на наша страна. Даваме се од себе да закрепнеме. Уживаме во овие денови и сметаме дека се уште не е ништо завршено. Пред мечот со Украина ќе направиме анализа и за натпреварот, но и за грешките што ги направивме против Австрија. За Украина ќе се подготвуваме како за во финале, бидејќи и ние и тие имаме по 0 бодови и ова ќе биде многу важен натпревар за нас. Тие играат многу офанзивен фудбал и треба да внимаваме на тоа. Тие се фаворити на овој меч, но мислам дека тоа е добро за нас бидејќи притисокот ќе биде на нив“, дополни Алиоски. 

Алиоски дополнува дека мора да бидат фокусирани на себе и во ниту еден момент да не се предадат.

„Треба да бидеме фокусирани на себе. Не се тоа многу работи имаме квалитет. Треба да ја задржиме вербата во оваа екипа дека можеме да одиме понатаму и да ја играме нашата игра. Ако играме добро можеме да примиме гол, бидејќи можеме да постигнеме и два. Не смееме во ниту еден момент да се предадеме на мечот против Украина“, дополнува Алиоски. 

Се вчитува...