Џатевска со трансфер во Унгарија

Македонската ракометна репрезентативка Ивана Џатевска ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата, откако денеска потпиша договор со Кишварда.

Унгарскиот прволигаш беше во потрага по нова опција на пивотменската позиција по повредата на Грета Сапи, а изборот падна токму на Џатевска, која на 20-годишна возраст веќе е стандардна и во сениорскиот национален тим, откако ги мина и речиси сите младински селекции на Македонија.

Џатевска ја почна сезонава во редовите на Чаир, а претходно ги бранеше и боите на Вардар.

Се вчитува...