Џејлен Браун играл со повреда во плеј-офот

Кошаркарот на Бостон Селтикс Џејлен Браун ја доведе сезоната до крај на паркетот и покрај тоа што го повреди коленото. Браун имал болки од крајот на регуларниот дел од сезоната.

Потоа пропушти три натпревари, а играше на сите натпревари во плеј-офот. Селтикси беа елиминирани во второто коло на Истокот од Њујорк Никс.

За време на четвртиот натпревар од таа серија, Џејсон Тејтум се здоби со пукнатина на Ахиловата тетива.

„ЕСПН“ тврди дека Браун ќе биде повторно проценет кон крајот на оваа недела, по што ќе биде донесена одлука дали му е потребна операција. Првичната дијагноза е делумно кинење на менискусот.

Браун во плеј-офот играше под инјекции за да се справи со болката и да му помогне на својот тим.

Се вчитува...