Џејмс Харден е навивач на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден не ја пропушти приликата да се сретне со фудбалерите на Реал Мадрид кои се на турнеја во неговиот град. Харден се фотографираше со дел од ѕвездите на „кралскиот“ клуб.

Тој присуствуваше на натпреварот од Интернационалниот куп на шампионите на кој Реал Мадрид претрпе пораз од 3-1 од Баерн Минхен.

Џејмс Харден еден ден претходно го привлече вниманието по објавата дека нема да биде дел од американската репрезентација на Светското кошаркарско првенство во Кина.

 

 

Се вчитува...