Само Вилт Чембрлен е пред неверојатниот Џејмс Харден

Џејмс Харден повторно го предводеше Хјустон до триумф, постигна рекордни сезонава 54 поени во убедливата победа од 112-94 над Мемфис. Харден по првото полувреме имаше 36 поени што му е досегашен рекорд во кариерата за првите 24 минути.

Тој веќе на 17. последовен меч успева да постигна 30 и повеќе поени што го прави вториот човек во НБА историјата според должината на оваа низа. Единствено пред него е Вил Чембрлен кој во 1964 година имаше 20 натпревари со 30 плус поени.

Со ефект од 25/18, Хјустон е на четвртата позиција во Западната конференција. Еден победа помалку и еден пораз повеќе на петтото место има Портланд кој има два последовни пораза, а ноќеска загуби на гостувањето кај Сакраменто со 115-107. Неуспешен беше и петтиот тим од Запад, Лос Анџелес Клиперс кој пак претрпе пораз на домашен терен од Њу Орлеанс со 121-117.

Јута се проби на последното место кое води во плејофот на Запад, дојде до ефект од 24/21 доволен  позиција откако врза серија од четири последовни победи, последната против Деторит од 100-94.

Во лошата вечер за тимовите од горната половина на Западната конференција се вклопи и Сан Антонио кој претрпе домашен пораз од Шарлот со 108-93.

На Исток, Бруклин ја продолжува успешната серија, има пет последовни победи откако го победи Бостон со 106-102 нанесувајќи му го третиот  неуспех по ред. Бруклин е на седмото место на табелата, Бостон е петтопласиран.

Се вчитува...