Џејмс Харден незапирлив и за Феникс

Џејмс Харден ја продолжи својата серија од извонредни изданија и на дуелот против Феникс, предводејќи го Хјустон до победа од 110-118 на гостувањето во Аризона. Одличниот бек реализираше 44 поени, на последните 30 одиграни меча тој има неверојатен просек од 40 поени по натпревар, покажувајќи зошто и сезонава важи за главен фаворит за МВП-наградата.

Феникс воопшто немаше водство на оваа средба, која беше решена во втората четвртина, во која Хјустон поведе со 20 поени разлика и го контролираше резултатот до самиот крај. За Харден ова беше 27. меч во низа со најмалку 30 постигнати поени, а во таборот на Хјустон се истакнаа уште и Крис Пол со 18 поени и Фариед со 17 поени и 14 скокови.

Денвер претрпе неочекувано убедлив пораз на гостувањето против Детроит пистонс (129-103). Драмонд беше одличен во победничкиот тим со дабл-дабл од 27 поени и 12 скокови, додека Јокиќ постигна скромни 16 поени за Денвер.

Резултати НБА:

Детроит – Денвер 129-103, Вашингтон – Атланта 129-137, Бруклин – Милвоки 94-113, Њу Орлеанс – Индијана 107-109, Феникс – Хјустон 110-118, Сакраменто – Сан Антонио 127-112.

Се вчитува...