Џејмс Харден дефинитивно ја одбележа вечерта во НБА лигата со својот неверојатен „трипл-дабл“ и триумфот од 126-111 на неговиот Хјустон против ЛА Лејкерс.
„Брадата“ со 50 поени и „трипл-дабл“ дополнет со 11 асистенции и 10 скока им одржа сам лекција на Леброн Џејмс и „езерџиите“. Покрај него невидлив беше ефектот на Леброн од 29 поени на спротивната страна.
За Харден ова е четврти „трипл-дабл“ во кариерата со 50 или повеќе поени, израмнувајќи се по оваа статистика со Расел Вестбрук.
Во останатите мечеви Далас загуби од Феникс со 99-89, благодарение на одличната ноќ на Ворен со 30 поени. На спротивната страна Лука Дончиќ заврши со 13 поени, шест скока и пет асистенции.
Сан Антонио славеше против ЛА Клиперс со 125-87 предводен од Ламаркус Олдриџ со 27 поени, додека Орландо го победи Чикаго со 97-91 благодарение најмногу на Никола Вучевиќ кој мечот го заврши со 26 поени и 10 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА