Џејмс: Никогаш нема да ги изневерам „боговите“ на кошарката

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс истакна дека на теренот секогаш ќе дава максимум, без разлика на ситуацијата во која клубот се наоѓа, бидејќи не сака да ги изневери „боговите“ на кошарката. Лејкерси во ноќта помеѓу недела и понеделник прв пат по шест натпревари забележаа триумф, победувајќи го Сакраменто со 111:106. Леброн беше еден најдобриот поединец на теренот, запишувајќи нов трип – дабл сезонава со 29 поени, надополнети со 11 асистенции и скока.

„Никогаш не би се изневерил. Знам дека повеќе немаме шанси да се пласираме во плеј-офот, но кога ќе излезам на терен сакам да победам. Никогаш не би ја изневерил играта. Постојат „богови“ и тие не гледаат без разлика на се. Затоа наша должност е да имаме професионален пристап на секој меч“, изјави Џејмс. 

Џејмс во дресот на „лејкерси“ ја игра првата од четирите сезони од договорот, а неговата вкупна заработка ќе биде 153.3 милиони долари.

Се вчитува...