Џејсон Кид кандидат за тренер на ЛА Лејкерс

Доколку актуелниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, Лук Волтон добие отказ, на чело на тимот може да застане Џејсон Кид. Кид по завршувањето на играчката кариера во НБА, ги водеше Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, а од неодамна се споменува дека може да го води тимот на универзитетот Калифорнија, каде има студирано.

Иако е меѓу кандидатите за клупата на Калифорнија, Кид повторно може да биде тренер во НБА лигата, бидејќи е најголем фаворит за тренерското столче во Лејкерс, доколку Лук Волтон заработи отказ. Во Бруклин Нетс, Кид помина пет години во кои само еднаш обезбеди плеј-оф, а со Милвоки два пати играше во разигрувањето.

Кид наводно најмногу може да му помогне на Лонзо Бол, бидејќи има доста сличности во нивната игра, а исто така и како еден од најценетите луѓе во Америка, може да воспостави мир во соблекувалната. Лејкерси следната година ќе имаат голем притисок, бидејќи сезонава ќе го пропуштат плеј-офот, а најголемата ѕвезда во тимот Леброн Џејмс ќе полни 35 години.

Се вчитува...