Џејсон Кид по пет години заминува од Далас

Далас Маверикс го објавија меѓусебното раскинување на договорот со главниот тренер Џејсон Кид, со што заврши неговиот петгодишен мандат на клупата на Далас.

Кид двапати постигна 50 или повеќе победи со тимот и ја освои титулата во Западната конференција во сезоната 2023/24. Тој тим на крајот загуби од Бостон Селтикс во пет натпревари во финалето на НБА.

Сепак, тој имаше и три негативни сезони, вклучувајќи ја и минатата година со сооднос победи-порази од 25-56.

„Џејсон имаше значително влијание врз Далас Маверикс, и како член на Куќата на славните и како главен тренер кој и помогна на франшизата да се врати во финалето на НБА. Поради сето тоа сме му благодарни“, рече претседателот на Маверикс, Масаи Уџири.

Се вчитува...