Џек-пот за Олимпијакос: Монтеро потпиша на три години

Олимпијакос ја крена европската титула, а „црвено-белите“ само неколку часа подоцна им донесоа нова одлична вест на своите верни навивачи.

Жан Монтеро ќе биде првото засилување на „црвено-белите“ од Атина за наредната сезона, откако новиот европски првак ја доби трката за извонредниот поентер на Валенсија. Монтеро имаше на маса понуда од два милиони евра по сезона од Валенсија, но реши да си замине и да се пресели во редовите на Олимпијакос.

„Црвено-белите“ му понудија седум милиони евра за тригодишна соработка плус бонуси, Монтеро имаше на маса и побогати понуди од други евролигаши, но сепак го избра Олимпијакос за следна дестинација во кариерата.

Грчкиот гигант ќе плати 500.000 евра на Валенсија за да ја активира клаузулата и да го донесе одличниот плејмејкер во своите редови.

Се вчитува...