Џек Вилшер има скршеница на ногата

Анлискиот репрезентативец Џек Вилшер заработи нова сериозна повреда. Тој се здоби со скршеница на тибијата на левата нога и за него оваа сезона во Премиер – лигата е завршена. Вилшер се повреди на саботниот меч против Тотенхем на „Вајт харт лејн“ и го напушти теренот во 56.минута. Првичните прегледи не открија, но откако Вилшер имал силни болки, заминал на дополнителни лекарски прегледи, по што е утврдено дека сепак има скршеница на ногата.

Ова значи дека Вилшер ќе паузира најмалку три месеци од фудбалските терени, а тој и претходно имаше слична повреда поради која паузираше долг период и кога го носеше дресот на Арсенал. Оваа сезона се пресели во Бурнемаут како позајмен играч за да добие комплетна минутажа и импресионираше со своите игри. Тој отпочна преговори со Арсенал за продолжување на договорот и по 2018 година, а се очекува истите да продолжат и да имаат позитивен исход и покрај повредата.

Се вчитува...