Џеко ги одби кинеските милиони

Голгетерот на Рома, Един Џеко, успеа да се прилагоди на италијанскиот фудбал, а зад себе има импресивна полусезона со 13 постигнати погодоци на 17 натпревари. Според информациите на „Кориере дело Спорт“, босанскиот репрезентативец добил непристојна понуда од Кина, од Тианјин каде замина Аксел Витсел, но ја одбил.

Раководството на овој клуб, чиј тренер е легендарниот Фабио Канаваро, му понуди годишна плата од 16 милиони евра на Џеко за да се пресели во Кина. Сепак, напаѓачот на „волчицата“ решил да ја отфрли таа понуда, со цел да остане во Рим, пред се од семејни причини, но и затоа што сака кариерата да ја гради во Европа.

Се вчитува...