Џеко: Му благодарам на Господ, готово е…

Репрезентативецот на БиХ, Един Џеко по неколку денови тестирања конечно денеска со негативен тест на Ковид-19.

Самиот Џеко објави дека е негативен на коронавирусот па може да се врати на обврските во Рома.

„Се чувствувам навистина добро и среќен сум што се е готово. Му благодарам на Господ“ – рече офанзивецот на Рома по лекарските прегледи.

Џеко ќе може да игра веќе следниов викенд против Наполи, но се очекува да биде во комбинација и за дуелот против Клуж во четврток во Лигата на Европа.

Се вчитува...