Џеко погодува, Рома победува

Фудбалерите на Рома рутински си ја завршија работата на вечерашниот дуел со Емполи, триумфирајќи со 2-0 благодарение на Един Џеко и неговите два погодоци со кои босанскиот ас останува на врвот на листта на стрелци во Серија А. Џеко најпрвин одлично се снајде по еден корнер во првото полувреме, за потоа во вториот дел да зголеми на 2-0 по одлично спуштената топка од страна на Салах.

Рутинската победа му овозможи на тренерот Спалети на дваесетина минути до крајот да го повлече Џеко, со цел да го сочува за претстојниот реванш од Купот на Италија против Лацио на кој „волчицата“ ќе брка негатива од два гола.

Рома со оваа победа се приближи на пет бода заостанување зад Јувентус, кој утре го игра својот меч од ова 30. коло, на гостински терен против Наполи.

Edin Dzeko Goal HD – AS Roma 1-0 Empoli – 01… by FootballLiveGoals

2-0 Edin Dzeko Second Goal | AS Roma vs Empoli… by billiemccarroll

Се вчитува...