Џеко се извинил на соиграчите за инцидентот со Ел Шарави

Фудбалскиот клуб Рома објави дека Един Џеко им се извинил на соиграчите за однесувањето на натпреварот против СПАЛ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина на полувремето на мечот во соблекувалната го нападна Стефан ел Шарави бидејќи не му додал топка. Играчите на Рома морале да спречат поголем инцидент. По враќањето од репрезентативните обврски Един Џеко реши да им се извини на соиграчите.

„Во нервоза погрешив. Не смеам да си дозволам такво однесување. За среќа, се уште не е ништо готово и ние можеме да напредуваме на табелата“, рече Џеко. 

Рома во моментов се наоѓа на петтата позиција на табелата во Серија А, а заостанува четири бода зад четвртопласираниот Милан, место кое води во Лигата на шампионите. Во следното коло избраниците на Клаудио Раниери ги чека тежок натпревар против Наполи.

Се вчитува...