Џеко: Знам дека можам да играм на врвно ниво и понатаму, но ќе видиме дали тоа ќе биде во Интер

Един Џеко со два гола во мрежата на Викторија Плзен го предводеше Интер до нокаут-фазата од Лигата на Шампиони. Босанскиот репрезентативец стрелаше во 42. и 66. минута, а по одличниот натпревар го доби и признанието за играч на мечот.

Искусниот голгетер по завршувањето на истиот говореше за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а и покрај тоа што вели дека е прерано за одлука, можно е го замени дресот на „нероаѕурите“.

„Освен во првите 10, 15 минути мислам дека одигравме многу добро. Правам се што можам да му помогнам на тимот, тоа е моја должност. Некогаш тоа е одлично, некогаш е многу тешко, но секогаш се трудам да дадам се од себе па дури и на 36 годишна возраст“, вели Џеко кој потоа се осврна и на продолжување на соработката.

„Не верувам дека сега ќе започнам со преговори, сеуште е рано. Се чувствувам добро и знам дека можам да играм на врвно ниво. Ќе видам дали ќе ја продолжам кариерата во Интер или во друг клуб“.

Се вчитува...