Џенаро Гатузо седнува на клупата на Олимпијакос

Легендарниот италијански фудбалер, а сега тренер, Џенаро Гатузо наскоро ќе се врати на работа. Следна станица во неговата кариера треба да биде грчкиот великан Олимпијакос.

По неуспешната епизода во Ла Лига каде ја водеше Валенсија, Џенаро Гатузо е без работа. Тој беше отпуштен од клупата на „лилјацит“е на почетокот на сезоната.

По кратката пауза тој е подготвен да преземе нов тим, а според сите проценки тоа ќе биде балканскиот гигант.

Тимот од стадионот „Георгис Караискакис“ загуби чекор со АЕК во трката за титулата шампион на Грција, а загрижени се и кога е во прашање пласманот во Европа.

Јасно е дека навивачите на Олимпијакос не можат да бидат задоволни од оваа сезона, а челниците на овој клуб прават се за да го убедат Гатузо да дојде во Грција.

Се вчитува...