Џенова добива конкуренција за потписот на Алекс Трајковски

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е на радарот на италијанските клубови по одличните настапи во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар. Џенова беше првиот тим кој отворено тргна по потписот на нашиот интернационалец, а во конкуренција влегува и моментално членот на Серија Б, Монца.

Тимот во кој сопственици се Силвио Берлускони и Адријано Галијани кои долги години беа на чело на Милан, веќе го договирија талентираниот Лука Станковски кој од јули се сели во Италија, но сакаат во тимот да донесат уште еден Македонец.

Трајковски сака да се врати на Апенините каде до 2019 година настапуваше за Палермо.

Се вчитува...