Џенова го отпушти Мандорлини и го врати Јуриќ

Џенова тргнува по стапките на Палермо кога станува збор за „тренерските вртелешки“, па тимот на нашиот Горан Пандев утрово ја прекина соработката со Андреа Мандорлини, само за да го врати на кормилото својот доскорешен стратег Иван Јуриќ.

Ја прекинуваме соработката со тренерот Андреа Мандорлини, заедно со неговите најблиски соработници Алберто Марези и Мауро Марини. Им се заблагодаруваме за досегшаната работа и посветеност и им посакуваме многу среќа при следните ангажмани во кариерата“ – се вели во клупското соопштение на Џенова.

Италијанските медиуми објавија дека веќе е постигнат договор со Иван Јуриќ за Хрватот да се врати на клупата и да остане најмалку до крајот на сезонава. Тој ќе го има својот камбек во тимот на нашиот Горан Пандев откако Џенова под водство на Мандорлини нанижа четири порази, паѓајќи на 16. место на табелата, со девет бода предност во однос на тимовите од опасната зона која значи преселба во Серија Б.

Се вчитува...