Џенова го слави Пандев – симултанка за победа над СПАЛ

Горан Пандев беше во главна улога во големиот триумф на Џенова над СПАЛ од 2-0, со кој тимот на Македонецот успеа да се искачи на 17. место на табелата.

Капитенот на нашата репрезентација блесна во првото полувреме, кога со извонреден потег го исфрли противничкиот дефанзивец, за потоа со одмерен удар да го совлада гостинскиот голман. Џенова до крајот на полувремето промаши и пенал, а конечните 2-0 во вториот дел ги постави Шене од слободен удар, откако токму Пандев беше фаулиран на 25 метри од противничкиот гол.

Џенова со оваа победа има два бода повеќе од Лече на 18. позиција, но тимот на Лече денеска го игра својот меч од 32. коло, на гостински терен против Калјари.

Се вчитува...