Џенова со играч помалку освои бод против Наполи, Пандев асистираше

Наполи и Џенова ремизираа 1-1 на „Сан Паоло“ во меч во кој македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше асистент на погодокот за својот тим. Тој доби шанса да биде стартер и ја оправда на најдобар начин, со асистенција до Дарко Лазовиќ кој во последните моменти од првото полувреме постигна гол за израмнување.

Наполи поведе со голот на Дрис Мертенс во 34.минута, а шест минути претходно Џенова остана со играч помалку поради исклучувањето на Стефано Стураро.

Се вчитува...