Џентиле потпиша за Хапоел Ерусалим

Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле пронајде нов клуб, откако неодамна се раздели со Панатинаикос. Поранешниот капитен на Олимпија Милано не успеа да се снајде во редовите на „детелинките“, а сега до крајот на сезоната ќе игра во составот на израелскиот клуб Хапоел Ерусалим. Овој клуб е под раководство на италијанскиот стратег Симоне Пјаниџани.

Џентиле и Пјаниџани соработуваа во репрезентацијата на Италија, а сега Џентиле ќе го засили составот во кој играат и Амаре Стадемаер, Лиор Елијаху, Јотам Халперин, Теренс Кинзи и Шон Џејмс. Во моментот, Хапоел Ерусалим се наоѓа на петтото место во израелскиот шампионат  со ефект од 13 победи и дури 11 порази.

Се вчитува...