Џентлменски одговор на Хау за „идиотските“ прозивки на Румениге

Тренерот на Њукасл Јунајтед му одговори за членот на управата на Баерн Минхен, Карл-Хајц Румениге кој изјави дека само идиоти можат да платат обесштета од 85 милиони евра за 23-годишниот германски напаѓач Ник Волтемаде кој на северот на Англија пристигна како замена за Алекснадар Исак.

Англискиот стратег застана во одбрана на својот фудбалер велејќи дека се презадоволни од неговиот ангажман и клубот воопшто не жали за издвоената сума.

„И покрај тоа што немаше доволно време да се приспособи на новата средина, Ник се снајде одлично. Што се однесува со обесштетата, фудбалскиот маркет е тој кој ја диктира цената, а не клубовите. Ние сме презадоволни што е Ник со нас и не ни е жал за сумата која ја плативме“, изјави Хау.

Се вчитува...