Џерард: Победата против Феенорд ќе биде за Риксен

Фудбалската јавност ја растажи веста за смртта на поранешниот капитен на Глазгов Ренџерс, Фернандо Риксен, а пред мечот во Лигата на Европа Стивен Џерард најави голема борба и желба да се победи холандскиот Феенорд во чест на починатиот фудбалер.

„Потребна ни е голема поддршка. Потребно ни е сите да застанат за тимот како фудбалерите би се обиделе да дојдат до победа која сакаме да ја посветиме на Риксен. Сигурен сум дека нашите навивачи се тажни поради оваа вест, но знам дека ќе мораме да направиме се како би дошле до победа. Фернандо беше одличен фудбалер и човек со големо срце. Имав среќа да го запознам и да се сретнам со него неколку пати. Јасно можеше да се види колку се обидува да ја победи болеста. Ќе му оддадеме почести и како човек и како фудбалер“, изјави Џерард. 

Риксен како фудбалер ја освои двојната круна во 2002 и тројната следната година, а беше капитен на Ренџерс кога повторно освоија два трофеја во Шкотска.

Се вчитува...