Џерард: За фудбалерите на Шкупи мечот против Глазгов Ренџерс ќе биде најголем во нивните кариери

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, тимот на Шкупи, утревечер ќе му гостува на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс во првото коло од ова европско натпреварување. Новиот менаџер на „ренџерси“, англиската фудбалска легенда Стивен Џерард, вели дека за фудбалерите на Шкупи тоа ќе биде најголемиот натпревар во нивните кариери.

„Ако нашите фудбалери мислат дека ќе биде лесно, многу се лажат. Така може да ‘заглавите’, доколку не покажете комплетен респект за противникот. Но, јасно е дека, со цела почит, за гостите ова ќе биде натпревар на нивните кариери. Ние сакаме триумф, и ќе сториме за да ги израдуваме нашите фанови, и да создадеме предност пред реваншот“, изјави Стивен Џерард во пресрет на утрешната пресметка со Шкупи.

Се вчитува...