Џиџи Бекали: Го ангажиравме Николов на една година, со можност за плус уште две

Сопственикот на еден од најдобрите романски клубови, Џиџи Бекали потврди дека е потпишан договор со македонскиот репрезентативец Бобан Николов за негов трансфер во редовите на ФЦСБ.

ФЦСБ сезонава повторно е со шампионски амбиции во романскиот шампионат, па во таа насока, како што вели Бекали, е и ангажманот на Николов со кого е потпишан едногодишен договор до јуни 2023, со можност за продолжување на истиот на уште две години.

„Го ангажиравме Николов. Тој со својот квалитет не убеди за такво нешто. Потпишавме на една година, со можност за плус уште две. Ајде да видиме како тимот ќе се движи со Николов. Во моментов бараме играч од средниот ред кој ќе диригира со тимот, имаме неколку фудбалери во опција, а Николов ќе биде секако тука како засилување на средниот ред“ – вели Бекали.

Бобан Николов во ФЦСБ доаѓа како слободен фудбалер откако на крајот од минатата сезона го заврши договорот со молдавски Шериф Тираспол. Претходно во кариерата веќе настапуваше за два тима во Романија, Академија Хаџи и Виторул Констанца, а има настапувано и за Видеотон, Вардар и италијанскиот Лече.

Се вчитува...