Џиџи: Загубеното тешко ќе се надополни, но нема предавање…

Вардар ремизираше (1-1) со третолигашот Воска на првиот пријателски натпревар одигран за време на зимската пауза. Црвено-црните од денеска се во Охрид на мини-подготовки пред неделниот натпревар со Пелистер, каде одиграа тест дуел со локалниот третолигаш.

Шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи вели дека овој дуел бил само слика на што треба да се работи наредниве денови во Охрид, иако е јасно дека пропуштеното поради задоцниот старт на подготовки тешко ќе се надополни.

„Ова е прв натпревар за нас по само три тренинга, и најважно е што нема повреди. Резултатот секако е во втор план а целта беше да се види како изгледаме во моментов на терен. Јасно е дека во Охрид овие четири дена ќе има на што да работиме. Ќе мора да го подигнеме нивото на физички план, ќе биде неизбежно со оглед на тоа што во недела не чека првенствен натпревар да се фокусираме и на тактичката подготовка. Видовме дека и кај младите фудбалери има потенцијал, некои од нив се наметнуваат и сигурно ќе имаа многу шанса пролетва на натпреварите. Апсолутно е јасно дека пропуштеното тешко ќе може да го надополниме, не чека повеќе од тешка борба пролетва но нема предавање. Ако ништо друго гледам дека има огромен мотив кај фудбалерите“ – изјави Никола Илиевски – Џиџи за ЕКИПА веднаш по денешниот дуел во Охрид.

Се вчитува...