Џирона го запре победничкиот од на Атлетико Мадрид… (видео)

Кикс на Атлетико Мадрид пред своите навивачи во 20. коло од Примера. „Јорганџиите“ пред своите навивачи ремизираа (1-1) со екипата на Џирона.

По двете претходно едноподруго победи, Атлетико Мадрид не успеа да врзе и трет триумф откако гостите стигнаа до бод благодарение на голот на Порту во 73. минута.

Претходно, во 37. минута од средбата Гризман го донесе Атлетико Мадрид до водство од 1-0.

По ова реми, Атлетико Мадрид остана на втората позиција со 43 бода, три повеќе од третопласираната Валенсија која има и натпревар помалку. На врвот е Барселона со 51 бод од 19 натпревари.

Се вчитува...