Џо Харт на голот на Ливерпул?

Ливерпул и Манчестер сити се договориле за трансфер на Џо Харт на „Енфилд роуд“, информираат медиумите на Островот. Клубот од „Мерсисајд“ ќе исплати 20 милиони фунти за англискиот голман, кој пак преферираше да остане уште една година во Торино. Тренерот на „биковите“, Синиша Михајловиќ изјави дека Харт сака да остане во клубот како позајмен играч, но раководството на Манчестер сити одлучи да го продаде голманот, бидејќи не сакаат да задржуваат играчи кои не се во плановите на Пеп и привремено да ги позајмуваат низ Европа.

Торино не може да ја исплати цената за Харт, понудија уште една година да остане на позајмица со цел да платат што помалку кога ќе дојде време за откупување на договорот, но тоа нема да се случи. Иако Клоп инсистираше дека нема да купува нов чувар на мрежата, времето на Мињоле и Кариус најверојатно истече, па време е за промени.

Се вчитува...