Џоел Ембид во дресот на Коби постигна 24 поени за триумф на Филаделфија (ВИДЕО)

Џоел Ембид кој поради повреда пропушти девет натпревари за Филаделфија, се врати во тимот носејќи го дресот со бројот на Коби Брајант и постигна 24 поени за победа на неговиот тим над Голден Стејт од 115-104. За да го носи бројот 24 кој Филаделфија го повлече во чест на Боби Џонс, Џоел му се јавил на Џонс и му објаснил какво влијание имал Коби на него додека растел во Африка. Боби Џонс се разбира му дозволил да ја носи 24-та.

Филаделфија има речиси перфектен скор на одмашен терен од 22-2, вкупниот биланс и е 31-17 за петто место на Исток. Голден Стејт останува најслабиот тим во лигата со ефект од 10 победи и 38 порази.

 

 

 

 

Поради смртта на Брајант, не се одигра дербито за Лос Анџелес меѓу „лејкерс“ и „клиперс“. Ова е само четвртиот одложен меч во НБА историјата. На останатите дуели, убедливи победи забележаа шампионот Торонто и лидерот на Источната конференција, Милвоки. Торонто ја победи Атланта со  130-114, а Мвоки славеше над Вашингтон во суперефикасен натпревар со 151-131. „Бакс“ беа без Јанис Адетокумбо, но го имаа Крис Мидлтон кој постигна рекордни во кариерата 51 поен. На Запад, порази за Далас и за Денвер. Мемфис славеше домашен триумф над Денвер со 104-96, а Феникс го декласираше Далас на негов терен со 104-133.

 

 

Се вчитува...