Џон Мена од Ренова оди во Македонија ЃП

Колумбискиот фудбалер Џон Мена кој досега настапуваше за Ренова, во иднина ќе игра за Македонија ЃП. Мена настапуваше во таборот на „гипсарите“ од февруари 2021 година, а после најавата дека Ренова ќе се реформира и дека нема да игра во Прва лига, сега бара нов ангажман.

Македонија ЃП ќе биде негов следен предизвик, а во следните денови се очекува да се комплетира трансферот. Мена е десен бек, а може да игра и како крило.

Мена во минатото играше за Ланерос и Патриотас во Колумбија.

Се вчитува...