Џон Тери сака да купи 10% од Челси за 250 милиони фунти

Козорциумот на Џон Тери, сака да купи дел од Челси. Тери заедно со поранешната фудбалерка Клер Реферти, го предводат конзорциумот „True Blue” и сакаат да купат 10% од акциите на клубот.

Компанијава во моментов има 250 милиони фунти, и со тоа нема да можат да го откупат целиот клуб, односно да ја платат сумата која ја бара Роман Абрамович. Затоа имаат план да поднесат заедничка понуда за купување на Челси со некоја од американските, британските или саудиските милијардери.

Во конзорциумот на Тери и на Реферти се вклучени и неколку познати бизнисмени и банкари од Британија.

Се вчитува...