Џонс не игра за Ливерпул и чека трансфер во Интер

Интер го заврши трансферот на Џед Спенс од Тотенхем, па „нереоаѕурите“ сега целсоно се фокусирани на ангажман на ново засилување од Премиер-лигата, на „Џузепе Меаца“ да го доведат Куртис Џонс од Ливерпул.

Поранешниот младински репрезентативец на Англија влезе во последната година од договорот на „Енфилд“, новиот тренер Ираола би сакал да го задржи, но бидејќи Џонс одбива нов договор управата е решена да го продаде за да го запре трендот на заминувања како слободни играчи од „Енфилд“.

Џонс не настапи на последниот пријателски меч со Монако, а нема да биде во тимот ниту денеска против Комо. Ливерпул и Комо ќе одиграат две контроли во ист ден, со цел тренерите да ги искористат сите фудбалери вклучувајќи ги и резервите, но самиот факт дека Џонс е единствениот што нема да биде дел од двата ростери на „црвените“ е уште еден јасен знак дека Куртис се наоѓа на излезна врата.

Интер уште пред два месеци ги почна преговорите со понуда од 20 милиони евра што Ливерпул експресно ја одби. „Црвените“ потоа одбија уште две понуди, последната во висина од 30 милиони евра, но италијанските медиуми најавуваат дека двете страни се блиску до целосен договор за 35 милиони евра.

Се вчитува...