Мајкл Џордан донира еден милион долари за Бахамите

Легендата на НБА-лигата, Мајкл Џордан, објави дека ќе донира еден милион долари на организациите кои помагаат за што поскоро нормализирање на животот на Бахамите по страшниот ураган „Доријан“ што уништи значаен дел од овој егзотичен остров.

„Шокиран сум од пустошот што го гледам на Бахамите и испраќам поддршка на сите оние кои ги загубија саканите во оваа страшна несреќа. Донацијата е само мал начин на помош во овие тешки моменти. Знам дека луѓето во оваа земја се силни и се надевам дека она што го нудам како помош ќе им овозможи да се опорават од катастрофалната бура“ – порача Мајкл Џордан.

Тој често ја посетуваше оваа земја, каде поседува и атрактивно земјиште кое е делумно уништено од ураганот.

Се вчитува...