Џордан e посредникот меѓу кошаркарите и сопствениците

Мајкл Џордан е клучниот човек поради кој ќе биде прекинат бојкотот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми. Тој бил посредникот меѓу кошаркарите и сопствениците меѓу кои е и „Ем Џеј“ бидејќи Шарлот Хорнетс е во неговата сопственост.

Тој го повикал претседателот на асоцијацијата на кошаркари Крис Пол пред состанокот со сопствениците како подобро би разбрал што точно тие сакаат. Исто така зборел и со ѕвездата на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук. Џордан ги советувал другите сопственици дека во моментов подобро е да се слуша, отколку да се говори.

Голем дел од сопствениците се за продолжување на сезоната, а меѓу нив е и Џордан кој верува дека натпреварите се најдобра платформа за друштвена промена.

Се вчитува...