Џордан ќе игра Евролига, потпишува за Олимпија Милано

Новиот македонски репрезентативец, Џордан Теодор, во следната сезона ќе се натпреварува во Евролигата откако се договори за трансфер во редовите на Олимпија Милано. Италијанскиот тим прави целосен „ремонт“ под водство на новиот тренер Симоне Пјаниџани, а Теодор би требало да биде еден од лидерите на подновената екипа од Милано.

Теодор во текот на вчерашниот ден преку социјалните мрежи објави дека потпишал договор со нов клуб, а порталот „Спортандо“ обелодени дека токму Олимпија ќе биде следната дестинација на новопечениот македонски репрезентативец. Џордан Теодор ланската сезона ја мина во турскиот прволигаш Банвит, тим со кој стигна до трофејот во Купот на Турција, а воедно беше избран и за МВП во Лигата на шампионите на ФИБА.

Тој се уште не се наоѓа во посакуваната натпреварувачка форма, но селекторот Давитков очекува Теодор да влезе во топ-ритам за претстојните средби со Косово и Естонија на почетокот од следниот месец, во претквалификациите за СП 2019.

Се вчитува...