Џордан: Коби беше еден од најдобрите и најкреативните во оваа игра и мој помал брат

Коби Брајант секогаш истакнуваше дека тој е „најголемиот“. Мајкл Џордан го сакаше Коби Брајант како помал брат и не може со зборови да ја опише тагата што ја чувствува по огромната трагедија.

„Во шок сум по трагничните вести за смртта на Коби и на Џијана. Зборови не можат да ја опишат болката што ја чувствувам. Го сакав Коби – ми беше како помал брат. Често зборувавме и тие муабети ќе ми недостигаат многу. Тој беше неверојатен натпреварувач, еден од најдобрите и најкреативните во оваа игра. Коби исто така беше фантастичен татко кој многу си го сакаше семејството и беше многу горд што неговата ќерка ја засака кошарката. Ивет ми се придружува во искажување на нашето искрено чувство кон Ванеса, организацијта на ЛА Лејкерс и сите кошаркарски фанови ширум светот“, изјави Мајкл Џордан.

 

Се вчитува...