Џордан: Кога ќе го погледнете документарецот за мене, ќе помислите дека сум ужасен

Најавувајќи го документарецот за неговиот животен пат, легендата на светската кошарка Мајкл Џордан вели дека можеби многумина кога ќе го погледнат ќе помислат дека е навистина ужасен.

На 20. април ќе се емитува првата епизода од документарниот серијал „Последниот танц“. Поголемиот дел од документарецот е фокусиран на периодот од неговата професионална кариера во дресот на Чикаго булс, пред се за сезоната 1997/98 кога стигна до третата едноподруго титула во НБА лигата.

„Кога ќе го погледнете документарецот можеби многумина од вас ќе помислат дека сум ужасен. Од сегашна гледна точка не знам зошто ги направив некои работи, и зошто кажав некои нешта. Кога ќе видите како го јавам Скот Барел ќе мислите дека сум навистина лоша личност. Но, на крај мислам дека ќе разберете зошто го третирав на тој начин. Требаше да биде јак пред жестокиот плеј-оф кој не очекуваше против Индијана, Мајами и Њујорк. Лидерството има цена, јас ги влечев луѓето кој никој друг не сакаше. Морав да ги предизвикувам на некој начин“ – вели Џордан, коментирајќи го серијалот во кој ќе се најдат и голем број негови соиграчи од Чикаго булс.

Се вчитува...