Мајкл Џордан не ги криеше солзите на говорницата во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес, говорејќи за својот „помал брат“, како што вообичаено го нарекуваше Коби Брајант.
“Сите знаете дека јас на него гледав како на помал брат. Кога зборуваат за него, сите зборуваа за споредбите со мене, што било слично, а што различно. Јас само сакав да зборувам за Коби, бидејќи бев свесен за неговата величина. Од првиот ден тој сакаше да биде најдобриот кошаркар што може да биде. Јас пак станав неговиот најдобар постар брат што можам да бидам. Кога тој умре, во истиот момент умре и дел од мене“, низ солзи коментираше Мајкл Џордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА