Џордан Теодор доби македонски пасош, се приклучува на подготовките во Маврово

Македонската кошаркарската репрезентација за претквалификациите за пласман на СП 2019 и дефинитивно ќе биде засилене со најдобриот плејмејкер во Европа за изминатата сезона, Џордан Теодор кој и официјално со одлука на Владата на Република Македонија доби македонски пасош.

27-годишниот кошаркар на Банвит, на 5. јули треба да допатува во Македонија за завршување на формалностите околу неопходната документација по што веднаш се приклучува на подготовките на националниот тим во Маврово.

„Теодор и официјално е Македонец, откако пред два дена помина на седница на Влада на РМ одлуката за доделување пасош. Останува уште тој да допатува во Македонија на 5. јули, и да ги среди само формалностите околу документацијата за настап во македонскиот дрес, па веќе во Маврово да ни се приклучи на подготовките“ – ни изјави пред денешниот тренинг на репрезентацијата, селекторот Јорданчо Давитков.

Теодор е роден 1989 година во Њу Џерси, во САД каде настапувал за универзитетот Сетон Хол, а порфесионалната кариера ја почнува во Турција, во тимот на Анталија. Изминатата сезона во дресот на турски Банвит беше прогласен за МВП во Купот на Турција, а МВП признание доби во ФИБА Лигата на шампионите, завршувајќи го европското натпреварување со просек од 15.9 поени, 7.7 асистенции и 3.7 скокови по натпревар.

Се вчитува...