Џорџ Расел до пол-позиција на спринт трката во Холандија

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја освои пол-позицијата за спринт трката како дел од викендот за големата награда на Холандија која се вози на патеката Зандворт.

Расел до пол-позицијата стигна пред актуелниот шампион и возач на Мекларен, Ландо Норис. Од вториот стартен ред ќе тргнат Шарл Леклер во Ферари иОскар Пјастри во Мекларен.

Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели ќе стартува како петти, а друштво во третиот ред ќе му прави Макс Ферстапен. Во топ 10 се најдоа уште и: Хамилтон, Гасли, Бортолето и Линбланд.

Спринт трката е закажана за утре со почеток во 12 часот.

 

Се вчитува...