Џорџ Расел победник на трката во Баку

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел е победник на трката за големата награда на Азербејџан која се возеше во Баку.

Расел до победата стигна на убедлив начин откако водеше од почетокот до крајот. Второто место му припадна на Макс Ферстапен во Ред Бул, додека вториот возач на овој тим Исак Хаџар заврши како трет.

Шарл Леклер заврши како четврти, додека водечниот во генералниот пласман, Кими Антонели ја освои петтата позиција. Во топ 10 завршија уште и: Хамилтон, Линбланд, Oкон, Берман и Сајнц.

 

Се вчитува...