Џош Скот е МВП на колото во АБА-лигата

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Џош Скот, е добитник на признанието МВП на 22. коло во АБА-лигата по одличниот настап против екипата на Крка. Американскиот центар реализираше 24 поени, и тоа со шут од поле од 85,7%, а зад неговото име останаа запишани и 13 скокови, две блокади и една асистенција. Севкупно, Американецот во дресот на МЗТ Скопје стигна до 34 индексни поени, убедливо најмногу од сите кошаркари кои беа дел од АБА-лигата изминатиот викенд. Скот зад себе ги остави Дејан Давидовац од ФМП со 32 индексни поени и Рејнолдс од Будуќност, кој на дуелот со Карпош соколи собра 25 индексни поени.Американскиот центар во неколку наврати сезонава беше дел од најдобрата петорка во регионалното натпреварување, но ова му е прво МВП-признание во АБА-лигата. [youtube id=”-lo5qWIML6A” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...