Џош Скот од МЗТ Скопје во идеалната петорка на колото во АБА лигата

МЗТ Скопје на домашен терен доживеа уште еден пораз во тековната сезона на АБА лигата, овој пат од Цедевита со огромни 79-100. На првиот натпревар на „металците“ во новата календарска година Џош Скот беше главната фигура и поради својот учинок се најде во идеалната петорка на колото во регионалното натпреварување.

Скот мина 36 минути на паркетот и со својот учинок оствари индекс на ефикасност од 34 поени кои се должеа на 23 реализирани поени, осум скокови и пет украдени топки. Тој не го доби признанието за најкорисен играч на колото бидејќи МЗТ загуби. МВП на 16. коло е Лука Митровиќ од Црвена звезда кој оствари дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови во победата над Задар со 113-65.

Во идеалната петорка се најдоа уште Раде Загорац од Мега лекс (ист број на поени колку и Скот), Џона Болден од ФМП, Маркус Вилијамс од Будуќност, Грегор Хроват од Олимпија Љубљана, Скот Рејнолдс од Цибона како и Марин Розиќ.

Се вчитува...