Џошуа како во старите денови: Белото знаме го спасуваше противникот од нокаут

Британскиот боксер во тешка категорија Ентони Џошуа оствари нова победа и го продолжи враќањето на големата сцена. Поранешниот светски првак во саботата вечерта во Ријад го го совлада опасниот Швеѓанец Ото Валин, откако таборот на Скандинавецот ја предаде борбата на крајот од петтата рунда за да спречи дополнителни удари на штета на неговиот борец.

Тоа беше трета победа во низа за момчето од Вотфорд, кое беше во голема криза по двата последователни неуспеси со кои ги загуби појасите на светски шампион во пресметките со Александар Усик. По триумфот во „Кингдом арената“, Ентони Џошуа има скор од 27 победи и 3 порази во професионалните борби.

Тоа беа долги 15 минути во рингот за 33-годишниот Валин, борец кој сега има учинок од 26 победи и 2 порази, со неколку добри скалпови во кариерата како Доминик Брезил и Мурат Гасиев. Исто така, Валин беше еден од противниците кои најголеми проблеми му задаваа на непоразениот Британец Тајсон Фјури.

Се вчитува...